Ракомет
11. March 2018 - 9:34

ЛШ - жени: ЖРК Вардар без проблеми на гостувањето во Подгорица

Ракометарките на ЖРК Вардар со победа го завршија настапот во главната фаза од групите од Лигата на шампионите. Тие синоќа на гости го победија големиот ривал Будуќност со 30:25 (15:12). 

Најефикасни на дуелот беа Андреа Пенезиќ (ЖРК Вардар) и Милена Раичевиќ (Будуќност) со по 10 голови. Ова за „вардарки“ беше вкупно 11-та победа на 12-те натпревари, додека групата ја завршија со девет победи и прво место.
За конечниот пласман во групата 2 ќе решаваат денешните натпревари меѓу Битингајм - ФТЦ и Мец - Турингер.
 
Во групата 1 вчера беа комплетирани натпреварите од последното коло:
Ростов - Букурешт 25:24
Ѓер - Крим 34:25
Митјиланд - Никобинг 24:20.
Конечна табела: Ѓер 16, Ростов 15, Букурешт 13, Митјиланд 6, Никобинг 5, Крим 5.
 
ЖРК Вардар во четвртфиналето ќе игра против Митјиланд, а термини за одигрување на натпреварите се 6-8.април и 13-15.април. Европскиот вицепрвак ЖРК Вардар реваншот ќе го игра на домашен терен.