Ракомет
14. November 2015 - 18:09

ЛШ - жени: Несреќен пораз за „вардарки“ од Ѓер

Ракометарките на Вардар претрпеа минимален пораз (28:27) на гостувањето кај Ѓер во 5.коло од Ц групата од Лигата на шампионите. Унгарската екипа до триумфот стигна со голот на Хајди Локе во последната секунда од дуелот. Најпрвин водството на Ѓер го изедначи Јованка Радичевиќ.

Инаку првиот дел „вардарки“ го добија со 17:14, но на стартот од второто полувреме домаќинот направи серија од 8:1 и го презеде водството.
Најдобра на теренот беше Анита Горбич од Ѓер со 8 голови, додека Локе постигна 5. Кај Вардар најефикасни беа Радичевиќ, Хмирова и Дембеле со по 4 голови.
На вториот дуел од групата вчера Хипо - Митјиланд 27:33.
Табела: Ѓер 8 бдови, Вардар 6, Митјиланд 6, Хипо 0.