Фудбал
9. December 2015 - 13:22

ЛШ: Вечерва драма во сите четири групи

Со натпреварите во групите Е, Ф, Г и Х, во среда, ќе заврши првата фаза во фудбалската Лига на шампиони. Од оваа половина пласман во осминафиналето веќе обезбедија Барселона, Баерн Минхен и Зенит, додека за преостанатите пет места ќе се води голема битка.
 
Во Е групата, Рома судбината ја има во своите раце, со победа над БАТЕ Борисов римјаните ќе продолжат во наредната рунда. Белорусите можат во осминафиналето, само доколку победат во Рим, а во исто време Барселона да остане непоразена во Леверкузен. Германскиот тим, пак, со победа над Барса ќе чека кикс на Рома.
 
Олимпијакос и Арсенал во директен дуел ќе решат кој ќе биде втор во Ф групата. Олимпијакос со нерешено и со минимален пораз (0:1, 1:2,) може до втората позиција, додека на Арсенал му е потребна победа од два гола разлика или победа од еден гол, но со резултат поголем од 3:2.
 
Три екипи во Г групата се борат за пласман во осминафиналето, а во најдобра положба е Динамо Киев. Украинците ќе го пречекаат Макаби и со победа ќе обезбедат една од првите две позиции.
 
Челзи и Порто исто така ќе водат голема борба, на англискиот шампион му одговара и нерешено, а Порто со евентуална победа ќе оди во осминафиналето и во исто време ќе го елиминира Челзи од ЛШ.
 
Математиките во Х груата се јасни, Гент треба да слави во дуелот со Зенит, единствениот тим кој има максимален учинок во првите пет натпревари, и да го оставри најголемиот успех во својата историја.
 
Во исто време Валенсија ќе брка победа над Лион и ќе чека пораз на Гент за пласман во нокаут фазата. Во случај на нерешен резултат на двете средби во Г групата Гент ќе биде на втората позиција.
 
Група Е:
 
Рома-БАТЕ Борисов
 
Баер Леверкузен-Барселона
 
Табела: Барселона 13, Рома 5, Леверкузен 5, БАТЕ 4
 
Група Ф:
 
Олимпијакос-Арсенал
 
Динамо Загреб-Баерн Минхен
 
Табела: Баерн 12, Олимпијакос 9, Арсенал 6, Динамо 3
 
Група Г:
 
Челзи-Порто
 
Динамо Киев-Макаби
 
Табела: Челзи 10, Порто 10, Динамо 8, Макаби 0
 
Група Х:
 
Гент-Зенит
 
Валенсија-Лион
 
Табела: Зенит 15, Гент 7, Валенсија 6, Лион 1.