Ракомет
28. April 2017 - 7:48

ЛШ: Вардар испиша спортска историја - обезбеди пламан на Ф4

Македонскиот првак Вардар обезбеди пласман на завршницата односно ,,фајнал-фор" турнирот во ракометната Лига на шампиони.
 
Вардарци и во реванш четвртфиналниот натпревар го совлада германскиот тим Фленсбург со 35:27 откако првиот меч на гостински терен црвено-црните го добија со 26-24.
 
Во прекрасна атмосфера во преполната сала ,,Јане Сандански" вардарци уште од самиот почеток не му дозволија на противникот во ниту еден момент да се понадева дека може да направи изненадување како што тоа беше случај пред три сезони.
 
Првиот дел македонскиот шампион го доби со пет гола разлика 15:10, а во вториот рутинирано ја оддржуваше предноста која на крајот изнесуваше осум гола 35:27. 
 
Вардарци се првите кои се пласираа во полуфиналето.
 
Останатите три реванш натпревари од четвртфиналето ќе се играат претстојниот викенд и тоа, во сабота Барселона – Кил (26-28 прв натпревар) и ПСЖ - ПИК Сегед (30-27), односно во недела ќе играат Монпеље и Веспрем (23-26.
 
Ждрепката за полуфиналните парови ќе се одржи на 2 мај во Келн, а „фајнал-форот“ ќе се игра на 3 и 4 јуни