Ракомет
29. November 2015 - 21:16

ЛШ: Скјерн го победи Металург за пласман во нок аут дуелите

Ракометарите на Металург запишаа уште еден минимален пораз во групата Д од Лигата на шампионите - 24:25. Вечерва поуспешни од нив беа гостите од Данска екипата на Скјерн, која со овие два бода и поразот на Баја Маре дома од Елверум го потврди пласманот во нок аут фазата и во последното коло во директен дуел ќе решаваат за првото место во групата.

„Металурзите“ не го реализираа последниот напад и остнаа без ниту еден бод, слично како и на првиот меѓусебен дуел кога Скјерн победи со гол во последната секунда. Јанко Божовиќ со 8 голови беше најефикасен на дуелот.
 
Последниот натпревар Металург во групата Д ќе го игра на гости кај Елверум другата недела каде ќе се обиде со победа да го избегне последното место.
Во последното коло Металург гостува во Норвешка кај Елверум.
Табела: Мотор 14 бодови, Скјерн 13, Баја Маре 9, Кадетен Шафхаузен 9, Елверум 5, Металург 4.