Фудбал
13. March 2018 - 12:43

ЛШ: Севилја подготвена за Манчестер

Вечерва дуели во Лигата на шампионите во Манчестер и РИм. Манчестер Јунајтед ќе ја пречека Севилја, а Рома ќе игра против Шахтјор.

Де Хеа го спаси Манчестер Јунајтед пред две недели на „Санчез Писхуан“. Само поради неговите одбрани Севилја не стекна предност и вечерва пресметката на „Олд Трафорд“ ќе почне од 0:0.

„Црвените ѓаволи“ се набилдани со самодоверба по победата во дербито против Ливерпул (2:1), што не може да се каже за Севилја, која по поразот од Валенсија (0:2) има минорни шанси да стигне до четвртата позиција во шпанската лига.