Ракомет
13. October 2017 - 13:18

ЛШ: РНЛ без проблеми со Загреб

Ракометарите на бундеслигашот Рајн Некар Ловен со триумфот синоќа над ППД Загреб 31:24 се искачија на првото место на табелата во групата А од Лигата на шампионите, но со натпревар повеќе од директните конкуренти европскиот првак Вардар и Барселона.
РНЛ ја оправда фавористката улога против хрватскиот првак Загреб, кој само на моменти беше конкурентен тим. Македонскиот репрезентативец во дресот на РНЛ Филип Талески постигна еден гол, а имаше и две исклучувања. Најефикасен на дуелот беше Хендрик Пекелер (РНЛ) со 8 голови, а Жарко Марковиќ (Загреб) постигна 7. На дуелот одигран во средата Висла - ПИК Сегед 27:33.
РНЛ е прв на табелата со 8 бодови, Вардар, Барселона и ПИК СЕгед имаат по 7, Нант 3, Загреб 2, Висла 1, Кристијанштад 1.
На вториот дуел одигран синоќа Кадетен Шафхаузен го совлда Скјерн со 25:24, иако на полувреме губеше со 13:9.
Македонските екипи дуелите од 5.коло ги играат утре. Вардар е домаќин на Барселона, а Металург гостува кај Чеховски Медведи