Фудбал
25. November 2015 - 22:39

ЛШ: ПСЖ, Јуве, Манчестер С., Атлетико и Бенфика, осигураа 1/8 финале

Уште пет екипи на коло до крајот на групната фаза во Лигата на шампионите обезбедија пласман во нокаут рундата.
 
Откако претходно тоа го сторија, Барселона, Баерн Минхен, Зенит и Реал Мадрид, од вечерва ним им се приклучија: ПСЖ, Атлетико Мадрид, Бенфика, Јувентус и Манчестер Сити.
 
ПСЖ славеше убедливо на гостувањето кај Малме. Иако, Јувентус го совлада Манчестер Сити, сепак англиската екипа благодарение на триумфот на Борусија Менхенгладбах над Севиља, има недостижна бодовна предност во однос на овие два тима, па „Граѓаните’’ уште од сега осигураа одминафинале.
 
 Резултати и табели
А група: 
Малме - Париз Сен Жермен  0-5
Шахтјор Доњецк - Реал Мадрид  3-4.
 
Табела: *Реал Мадрид 13 бодови, *Париз Сен Жермен 10, Шахтјор Доњецк 3 и Малме 3.
 
Б група: 
ЦСКА Москва – Волфсбург 0-2 
Манчестер Јунајтед - ПСВ Ајндховен 0-0 .
 
Табела: Волфсбург 9 бодови, Манчестер Јунајтед 8, ПСВ Ајндховен 7 и ЦСКА Москва 4.
 
Ц група: 
Астана – Бенфика 2-2
Атлетико Мадрид – Галатасарај 2-0 .
 
Табела: *Атлетико Мадрид 10 бодови, *Бенфика 10, Галатасарај 4 и Локомотив Астана 3. 
 
Д група: 
Јувентус - Манчестер Сити 1-0 .    
Борусија Менхенгладбах – Севиља 4-2
 
Табела: *Јувентус 11 бодови, *Манчестер Сити 9, Борусија Менхенгладбах 5 и Севиља 3.