Ракомет
27. March 2017 - 9:38

ЛШ: Монпеље знае како со европскиот првак

Француската екипа Монпеље напрваи големо изненадување откако синоќа во рамките на првото осминафинале од Лигата на шампионите го совлада европскиот првак Киелце. Ракометарите на Монпеље славеа победа со 33:28, а на полувреме беа во негатива 14:16. Јуре Доленец и Диего Симоне со по 8 голви беа најефикасни.
На другите дуели одиграни вчера победија гостите: Силкеборг – ПИК Сегед 24:26 и Мешков Брест – Флензбург 25:26.
Претходно во осминафиналните дуели: Кил – Рајн Некар Ловен 24:25, Загреб – Веспрем 22:23 и Нант – ПСЖ 26:26.
Реванш натпреварите ќе се играат од 30.март до 2.април.