Ракомет
24. September 2016 - 8:15

ЛШ: Металург го пречекува Елверум

Македонскиот вицешампион Металург попладнево го игра првиот натпревар од новата сезона од Лигата на шампионите. Металург е домаќин на норвешкиот првак Елверум, а почетокот на дуелот е во 17:30 часот. Натпреварот се игра во „ВИП Арена“ во СЦ „Јане Сандански“.

Покрај овој дуел денеска играат уште: Флензбург - Веспрем, Мешков Брест - Киелце, Цеље - ППД Загреб.
Македонскиот првак Вардар својот прв натпревар сезонава го игра на гости утре против Кристијанштад во Шведска. Почетокот на натпреварот е во 16:15 часот.