Ракомет
5. December 2016 - 9:11

ЛШ: Лазаров во тимот на колото

Одличниот настап во дерби дуелот со ПСЖ и 9-те голови на македонскиот репрезентатвец Кирил Лазаров му донесоа место во тимот на колото во Лигата на шампионите. Ова е првпат Лазаров сезонава да биде во изборот за „најдобра седморка“ - десен бек.

Голманот на Вардар имаше свое шоу во вториот дел од дуелот со Киелце, но Вардар сепак остана без победа, а за Милиќ местото во тимот на колото е само мала утеха.

ЛЕВО КРИЛО: Анхел Фернандез (Ла Риоха)

ЛЕВ БЕК: Сејад Естеки (Динамо Букурешт)

СРЕДЕН БЕК: Борис Пукховски (Мотор Запорожје)

ДЕСЕН БЕК: Кире Лазаров (Барселона)

ДЕСНО КРИЛО: Тим Соренсен (Кристијанштад)

ПИВОТ: Игор Вори (Загреб)

ГОЛМАН: Страхиња Милиќ (Вардар)