Фудбал
4. August 2015 - 22:32

ЛШ-квалификации: Молде промашуваше пенали, Динамо Загреб во плеј офот

Вечерва се одиграа првите реванш натпревари од 3.коло од квалификациите од Лигата на шампионите. Хрватскиот првак Динамо одигра нерешено 3:3 на гостувањето кај Молде во Норвешка. Домашните во првото полувреме не искористија два пенала, а Динамо имаше водство од 3:0. Еден од головите го постигна и македонскиот репрезентативец Адеми (вториот). Пласман во следната рунда изборија: Динамо Загреб, АПОЕЛ, Рапид Виена и Монако.

Резултати од реванш натпреварите:
Молде - Динамо Загреб 3:3 (4:4 вкупен резултат),
АПОЕЛ - Митјиланд 0:1 (2:2),
Ајакс - Рапид Виена 2:3 (4:5),
Монако - Јанг Бојс 4:0 (7:1).
 
Утре се играат другите реванш натпревари:
Астана - Хелсинки (0:0),
Карабах - Селтик (0:1),
Бате Борисов - Видеотон (1:1),
Базел - Лех (3:1),
Малме - Салцбург (0:2),
Партизан - Стеауа (1:1),
Скендербег - Милсами (2:0),
Викторија Плзен - Макаби ТА (2:1),
Спарта Прага - ЦСКА Москва (2:2),
Бриж - Панатинаикос (1:1) и 
Шахтјор - Фенербахче (0:0).