Фудбал
30. September 2015 - 9:52

ЛШ: Касиљас руши рекорди

Голманот на Порто, Икер Касиљас (34), во вторникот влезе во историјата на Лигата на шампионите, како играч со најмногу настапи во ова натпреварување.
 
Натпреварот од второто коло во Г групата помеѓу Порто и Челзи беше 152-от за Касиљас во Лигата на шампионите. Порто овој натпревар го доби со 2:1.
 
До натпреварот со Челзи Касиљас го делеше првото место на вечната листа со легендарниот фудбалер на Барселона Чави, кој од оваа сезона е член на катарскиот Ал Сад.
 
Касиљас во Лигата на шампионите дебитираше на голот на Реал во сезоната 1999/2000, со ‘кралскиот клуб’ тој освои три титули во ова натпреварување.