Фудбал
19. September 2017 - 17:18

ЛШ: Финалето 2019 година во Баку

Шпанските медиуми, повикувајќи се на свои извори во Европската фудбалска унија (УЕФА), објавија дека финалето во Лигата на шампионите во 2019 година ќе се одигра во Баку, Азербејџан.
 
Покрај Баку, во конкуренција бил и Мадрид, односно новиот стадион на Атлетико, „Ванда Метрополитано“, но неофицијално УЕФА смета дека на овој стадион, кој во саботата беше отворен и чија изградба чинеше 240 милиони евра, нема доволно ВИП-места.
 
УЕФА на 21 септември (четврток) ќе соопшти каде ќе се игра финалето во 2019 година.
 
Финалето во Лигата на шампионите за оваа сезона ќе се одигра во мај 2018