Ракомет
12. November 2016 - 10:37

ЛШ: Европскиот првак Киелце гостин на Вардар

Ракометниот европски шампион Киелце попладнево гостува во Скопје кај македонскиот шампион Вардар. Тоа воедно е дуел на две екипи кои беа на врвот на табелата во групата Б до почетокот на ова коло и имаа по серија од четири победи, а двата тима загубија во 5.коло.

Лани на скопскиот дуел на двата тима беше 34:24 за Вардар, во една од најдобрите игра ланската сезона на македонскиот првак.
Почетокот на натпреварот е во 17:30 часот, а се игра во СЦ „Јане Сандански“.
 
Двојки од 6.коло од Лигата на шампионите:
А група: Веспрем - Силкеборг и ПСЖ - Барселона играат вечерва. Висла - Кил 24:22 и Кадетен Шафхаузен - Флензбург 26:29.
Табела: Барселона 10 бодови, ПСЖ 8, Флензбург 7, Веспрем 6, Кил 6, Силкеборг 4, Висла 3, Кадетен Шафхаузен 0.
Б група: Вардар - Киелце, Цеље - ПИК Сегед и Мешков Брест - Кристијанштад играат вечерва. РНЛ - Загреб 25:24.
Табела: РНЛ 9, Киелце 8, Вардар 8, ПИК Сегед 5, Мешков Брест 4, Цеље 3, Кристијанштад 3, Загреб 2.
Ц група: Металург - Монпеље 24.30, Чеховски Медведи - Татран Прешов 28:29, Ла Риоха - Елверум играат денеска.
Табела: Монпеље 8, Ла Риоха 7, Татран Прешов 6, Елверум 5, Чеховски Медведи 4, Металург 4.
Д група: Брага - Мотор и Хостебро - Бешикташ играат денеска, а Нант - Динамо Букурешт утре.
Табела: Нант 9, Бешикташ 7, Мотор 5, Динамо Б. 4, Брага 4, Холстебро 1.