Фудбал
25. August 2016 - 7:14

ЛШ: Динамо Загреб избори пласман во групната фаза

Фудбалерите на Динамо загреб направија подвиг и се пласираа во групите од Лигата на шампионите. Тие синоќа по продолжение го совладаа Салцбург на гости со 2:1. Домаќинот водеше со 1:0 со голот на Лазаро од 22.минута, а Динамо изедначи во 86.минута преку Фернандез. Победата ја донесе Ел Судани во продолжението (95 минута). Во второто коло од квалификациите Динамо Загреб го елиминира македонскиот првак Вардар.
 
Резултати на реванш дуелите од баражот од Лигата на шампионите:
Рома - Порто 0:3 (1:4 вкупен резултат),
Хапоел Бер Шева - Селтик 2:0 (4:5),
Легија - Дундалк 1:1 (3:1),
Монако - Виљареал 1:0 (3:1),
Викторија Плзен - Лудогорец 2:2 (2:4).
АПОЕЛ - Копенхаген 1:1(1:2),
Ростов - Ајакс 4:1 (5:2),
Манчестер Сити - Стеауа 1:0 (6:0),
Борусија М. - Јанг Бојс 6:1 (9:2)
Салцбург - Динамо Загреб 1:2 продолжение (2:3).
 
Извлекувањето на групите ќе се изврши попладнево во Нион. Финалето од Лигата на шампионите ќе се игра на 3.јуни во Кардиф на „Милениум“.