Ракомет
4. December 2016 - 10:47

ЛШ: Девет голови за Лазаров против ПСЖ

апитенот на македонската ракометна репрезентација Кирил Лазаров со девет погодоци беше најзаслужниот за победата на Барселона над ПСЖ.
 
Во спектакуларен меч на двете екипи со најдобар учинок во досегашниот тек на Лигата на шампионите, Барселона во „Палау Блауграна" го совлада ПСЖ со 35:32 (14:14). 
Од македонските интернационалци Борко Ристовски не доби шанса.
 
Покрај Лазаров, во домашната екипа се истакнаа и Жалуз кој даде 6 гола, а Гонзало мечот го заврши со 14 интервенции.
 
Оваа победа го лансира тимот на Барселона како лидер во групата и најсериозен кандидат за освојување на првото место на крајот од групната фаза.