Фудбал
20. February 2018 - 15:24

ЛШ: Челзи ја пречекува Барселона

Во фокусот на вниманието на спортската јавност денеска и утре ќе бидат дуелите од осминафиналната рунда во фудбалската Лига на шампиони. 
 
Од втората половина на осминафиналните двојки, најголемо внимание ќе привлече вечерашниот мече на Стенфорд Бриџ во Лондон, каде Челзи ќе ја пречека Барселона. 
 
Во вториот натпревар во Минхен, германскиот првак Баер е домаќин на турскиот Бешикташ. 
 
Двата меча започнуваат во стандардниот термин 20:45 часот, во кој утревечер ќе се играат средбите Севиља - Манчестер Јунајтед и Шахтјор - Рома. 
 
Реванш дуелите од овие двојки се закажани за 13 и 14 март.