Фудбал
28. September 2016 - 8:27

ЛШ: Борусија и Реал во Дортмунд одиграа без победник

Дербито на вечерва од 2.коло на Лигата на шампиони одиграно синоќа во Дортмунд меѓу Борусија и Реал Мадрид заврши без победник 2:2. 
 
Актуелниот шампион Реал на двапати имаше предност со головите на Кристијано Роналдо и Рафаел Варан, додека „милиониерите“ резултатот го израмнуваа преку Пјер-Емерик Обамејанг и Андре Шурле.
 
Резултати од синоќешните натпревари во елитното фудбалско натпреварување:
 
E група: ЦСКА Москва – Тотенхем 0:1, Монако – Баер Леверкузен 1:1. 
Табела: Монако 4 бода, Тотенхем 4 бода, Баер Леверкузен 2, ЦСКА 1 бод.
 
Ф група: Борусија Дортмунд – Реал Мадрид 2:2, Спортинг – Легија 2:0.
Табела: Борусија Дортмунд 4 бода, Реал Мадрид 4, Спортинг 3, Легија 0.
 
Г група: Копенхаген – Бриж 4:0, Лестер – Порто 1:0.
Табела: Лестер 6 бода, Копенхаген 4, Порто 1, Бриж 0. 
 
Х група: Динамо Загреб – Јувентус 0:4, Севиља – Лион 1:0.
Табела: Јувентус 4 бода, Севиља 4, Лион 3, Динамо Загреб 0. 
 
Вечерва (20:45 часот) ќе се играат уште осум натпревари од другите четири групи.