ЛШ: Бешикташ се врати по негатива од три гола
Драматичен меч со 6 погодоци видоа гледачите на стадионот во Истанбул, каде Бешикташ и Бенфика одиграа 3:3, а двете екипи имаа по едно блескаво полувреме.
Португалците одлично го одиграа првиот дел и по 10 минути со голот на Гуедес стигнаа до предност. Тој погодок како да им даде дополнителна сила и со погодоците на Семедо во 25 и Фејса во 31 минута веќе имаа убедливи 3:0.
Сепак дека турските екипи играат на домашен терен, никогаш не се предаваат се покажа во второто полувреме. Тосун погоди во 58 минута го најави „пеколот“ за гостите. Во последните 10 минути беше посебно возбудливо. Кварешма со гол од пенал во 83 минута намали на 2:3, а во 89 минута Абубакар погоди за 3:3 и ерупција кај домашните навивачи.
Со ова реми ситуацијата во Б групата останува компликувана. Бенфика има 8 бодови, а Бешикташ е на бод помалку. Наполи има 7 бодови, но вечерва на свој терен игра против Динамо Киев кој е речиси без шанси.
Ново на Сител
-
ОБСЕ/ОДИХР ќе ги соопшти првичните оценки за изборите
-
30 години Тинекс
-
Силјановска Давкова победи во 60 општини, Пендаровски во 3, Османи во 15, Таравари и Димитриевски во по една
-
Силјановска Давкова и Пендаровски во вториот круг претседателски избори
-
Првични резултати на ДИК
-
Норвешка донира 76 возила на македонската Армијата
-
Димитриевски победи во Куманово, Таравари во Гостивар, а Јакимовски загуби во Карпош
-
Пасоши на воено способните Украинци ќе се издаваат само во земјата