Живот
24. November 2017 - 9:20

Ловeц тврди дeка мечка му украла две пушки

Полицијата во рускиот регион Иркутск во источен Сибир покрена истрага по пријавата на еден ловец за наводна кражба на две пушки од страна на мечка, соопшти регионалното Министерство за внатрешни работи.

Според кажувањата на 57-годишниот ловџија, тој на 16 ноември бил на лов и одлучил да остане во шумска колиба. Во даден момент, заминал по вода. Кога се вратил, чул необични звуци, па ја забележал мечката и побегнал во шумата. Кога се вратил, видел дека му недостигаат двете пушки.

Ловецот неколку дена ги барал своите пушки по тајгата, а потоа ја известил и полицијата.