-->
-->
Лопатеги ќе ја предводи Шпанија во дуелите со Македонија
-->
Хулен Лопетеги е именуван за нов селектор на фудбалската репрезентација на Шпанија. Тој ќе биде на кормилото на „црвената фурија’’ во дуелите против македонската репрезентација во квалификациите за Светското првенство во Русија.
Лопатеги кој беше селектор на младинските репрезентации на Шпанија до 19, 20 и 21 доаѓа на местото на Висенте Дел Боске кој по пошиот настап на ЕУРО 2016 во Франција си поднесе оставка.
Иако шпанските медиуми лицитираа со името на Хоакин Капарос како наследник на Дел Боске сепак федерацијата му даде доверба на младиот Лопетеги. Со него на чело младинската селекција на Шпанија стана европски првак.
Лопатеги беше и тренер на Порто со кој не успеа да освои трофеј, а најголемиот успех му беше четвртфиналето во Лигата на шампионите во сезоната 2014/15.
Во својата тренерска кариера краток период работеше и во екипите на Рајо Валјекано, односно „Б“ тимот на мадридски Реал.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Силјановска Давкова победи во 60 општини, Пендаровски во 3, Османи во 15, Таравари и Димитриевски во по една
-
Силјановска Давкова и Пендаровски во вториот круг претседателски избори
-
Првични резултати на ДИК
-
Норвешка донира 76 возила на македонската Армијата
-
Димитриевски победи во Куманово, Таравари во Гостивар, а Јакимовски загуби во Карпош
-
Пасоши на воено способните Украинци ќе се издаваат само во земјата
-
Столтенберг во дводневна посета на Германија
-
Сообраќајот тековно, по наместа влажни коловози