Свет
24. November 2017 - 21:07

Лондон: Нема докази за истрели на евакуираната метро станица

Лондонската полиција соопшти дека не се пронајдени докази дека било пукано од огнено оружје, поради што беше евакуирана метро станицата Оксфорд.

Метрополитен полицијата информираше дека не се лоцирани осомничени лица, ниту има посериозно повредени во инцидентот. Една жена е полесно повредена, додека бегала од лондонската метро станица.

Поради инцидентот беа затворени улиците Бонд и Оксфорд, но подоцна се повторно отворени.

„Полицијата одговори на инцидент кој се смета за поврзан со тероризам. Вооружени и невооружени полицајци се на местото на настанот и се справуваат со ситуацијата заедно со колгите од Британската сообраќајна полиција“, наведе претходно Скотланд јард.

Една од најфреквентните метро станици во Лондон беше евакуирана, откако беше пријавен инцидент со огнено оружје.