Свет
30. March 2017 - 16:36

Лондон: ЕУ да не очекува дека ќе и платиме голема сума на пари за Брегзитот

ЕУ да не очекува дека Велика Британија ќе и исплати голема сума на пари поради Брегзитот.

Пораката британскиот министер за брегзит Дејвис Дејвис ја упати  откако медиумите објавија дека Лондон тоа ќе го чини 62 милијарди долари.

Дејвис додаде дека европската комисија досега до нив не испратила никакво барање за паричен износ.  

Во меѓувреме британската  премиерка  Меј  деталниот план  за излезот од Унијата го објави  во  таканаречена  „Бела книга“.