Свет
27. October 2017 - 19:17

Локалните власти на два каталонски града го симнаа шпанското знаме од зградите

Градскиот совет на Жирона го симна шпанското знаме од пред зградата, десетина минути по објавувањето на резултатот од гласањето во каталонскиот парламент за резолуцијата за независност на областа од Шпанија, објави весникот „Касо аисладо“.

Истиот потег го презедоа и локалните власти во каталонскиот град Сабадел, објави весникот „Паис“.