Локалните власти на Анкара забранија масовни собири во текот на овој месец
Одржување на масовни собири и концерти на отворено ќе биде забрането во текот на овој месец. Оваа одлука ја донесе локалната власт на Анкара.
Забраната се однесува на одржување штрајкови, комеморативни церемонии, концерти и други масовни собири на отворено, се вели во писменото соопштение на локалната власт испратено до турските медиуми.
Според соопштението, мерката била наложена заради повикот за протест на левичарско-екстремистичка група Револуционерна партија и фронт за народно ослободување (ДХКП-Ц), која е прогласена за терористичка организација.
Групата деновиве ги повика своите симпатизери да спроведат 24-часовен штрајк со глад или протести во паркови, градини и други јавни места за солидарност со професорите Нурие Гулмен и Семих Озача, кои гладуваат половина година поради чистката која се спроведува во Турција по неуспешниот обид за државен удар.
Во одлуката на локалната власт во Анкара се наведува дека „постои ризик терористичката група ИД да ги искористи јавните настани за напад врз цивили и да ја загрози безбедноста на земјата и населението".
Се соопштува и дека забраната за јавни настани ќе се прилагоди во рамките на вонредна состојба во државата, која беше воведена по обидот за пуч.
Сé уште не е познато дали наредбата ќе се однесува и на масовните собири за чествување на турскиот национален празник на 29 октомври. Турција на овој датум ќе ја одбележи 94-годишнината од основање на Турската Република од страна на Мустафа Кемал Ататурк. Традиционално денот се слави со паради, маршеви, концерти, аџилак до гробот на Ататурк, за што веќе е започната подготовката.
Ново на Сител
-
Во БиХ уапсени три лица кои барале пари за информација за исчезнатото девојче во Србија
-
Продолжуваат предизборните коалицирања
-
Марш на трансродовите лица
-
Во Собранието седница на Комисијата за одбрана и безбедност
-
Најмалку 38 лица загинаа во израелските напади врз сирискиот град Алепо
-
Над 20 луѓе повредени во сообраќајна несреќа во Германија
-
Мериленд доби помош од 60 милиони долари по уривањето на мостот во Балтимор
-
Сончево и топло со мала локална облачност