Македонија
17. October 2017 - 16:52

Локалните избори ќе донесат промени во парламентарниот состав

Со променет состав и нов размер на силите Собранието ќе продолжи со својата работа по локалните избори.

Четири пратеници на СДСМ си заминуваат од Собранието за позиција во локалната власт. Петре Шилегов стана нов градоначалник на Скопје, Стефан Богоев на Карпош, а Сашко Поцков и Максим Димитриевски ќе ги водат општините Гевгелија и Куманово.

Се менува и размерот на силите во Собранието. Пратеникот на Гром Чедомир Саздовски го известил Џафери дека ја напушта коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ и дека ќе делува независно.

Премиерот очекува и други пратеници да го следат неговиот пример

Колку долго би се задржал овој Собраниски состав премиерот не сакаше да шпекулира  оставајќи ја отворена можноста брзо по завршувањето на локалните избори да се организираат и предвремени парламентарни избори

Последните парламентарни избори се одржаа во декември минатата година. Од формирањето до денеска Собранието функционира во тензична атмосфера и размер на силите кој генерира долги дебати и размена на остри тонови.