Македонија
19. September 2017 - 12:56

Локални избори 2017: МИА ќе ги претстави програмите на учесниците на Локалните избори

Македонската информативна агенција - МИА, по повод претстојните Локални избори 2017 година, ќе ги претстави програмите на сите партии, коалиции и независни кандидати врз основа на кандидатските листи што ги утврди Државната изборна комисија.
 
За таа цел, партиите, коалициите и независните кандидати кои ќе учествуваат на изборите, можат да достават сублимирана содржина на нивната изборна програма по електронска пошта на е-адресата на МИА mia@mia.mk. Текстот треба да содржи најмногу 6.000 карактери.