Македонија
24. August 2017 - 9:41

Локализиран пожарот над Македонска Каменица

Синоќа локализиран шумскиот пожар кој зафати борова и дабова шума ад селото Моштица во Македонска Каменица.  Драган Балас од ЦУК од Делчево истакна дека пожарот е локализиран околу 20 часот.

- Локализиран е пожарот, кој според првичните проценки има зафатено површина од околу 10 хектари со борова и дабова шума. Вечерта имаше дежурни екипи кои го контролираа горењето, но новите информации зборуваат дека нема промена на состојбата и пожарот е смирен. Се уште не се знаат причините за неговото потпалување, но се сомневаме дека повторно во прашање е човечки фактор, истакна Балас.

Во гаснењето на шумскиот пожар над Македонска Каменица учествуваа лица од ЈП Македонски шуми, од ЈП Камена Река и од ТППЕ од Каменица, Делчево и Кочани.