Џет-Сет
3. January 2018 - 15:50

Љубовта цвета и по 30 години брак: Лепа Брена им ја честиташе Нова година на сите и сподели совршен момент со сопругот

Пред неколку месеци Боба Живојиновиќ и Лепа Брена прославија три децении брак.

Оваа двојка и покрај се што им се случуваше сепак успеа да ја одржи љубовта како и првиот ден.
 

Најголемата балканска ѕвезда сподели снимка на која на фановите на Инстаграм им ја честита Новата година, а сите ги воодушеви посебен момент.

Лепа Брена сподели сочен бакнеж со својот сопруг Боба, што на многумина им ја врати вербата во вистинска љубов.