Македонија
23. January 2017 - 14:16

Љубовна драма во Скопје: Ја истепал љубовницата и ја оставил полугола на студот

Вчера во 19.45 часот во ЕИК Скопје било пријавено дека на ул.„Аминта III“ имало женско лице со повреди во пределот на главата и телото.
 
Полициски службеници излегле на местото на настанот и утврдиле дека се работи за В.П. (52) од Скопје.
 
Истата изјавила дека била пресретната од нејзиниот поранешен пријател со кого била во љубовна врска кој со возило ја однел во близина на последна автобуска постојка во населбата Железара.
 
Таму и го соблекол долниот дел од гардеробата, физички ја нападнал и ја оставил полу гола. В.П. потоа со такси возило дошла на горенаведената улица.
 
Од страна на Итна медицинска помош, била пренесена во Ургентниот центар Скопје, каде и биле констатирани тешки телесни повреди и била задржана на понатамошно лекување. СВР Скопје презема мерки за пронаоѓање на сторителот како и за целосно расчистување на случајот.