Љубов на Евровизија: Кого Србинката покани во хотелската соба?
Една од главните теми во британските таблоиди поврзана со овогодишниот Избор за песна на евровизија во Стокхолм е наводната „љубовна приказна“ меѓу српската претставничка на Евросонгот, Сања Вучиќ и еден од двајцата пејачи во британското евровизиско дуо Џо Вулфорд, пренесува МИА.
Таблодите тврдат дека дека Вучиќ „опасно се загреала“ по Вулфорд, па дури и го поканила во нејзината хотелска соба во Стокхолм.
„Дејли Стар“ повикувајќи се на неименувани извори наведува дека 22-годишната српска пејачка почнала да му се додворува на 21-годишниот Џо уште на првата полуфинална вечер на Евросонгот во вторникот, како и дека тоа додворување станало поинтезивно откако во четвртокот таа успеа да се пласира во синоќешното финале.
– Сања се лепеше за Џо. Опседната е со него, изјавиле истите извори за „Дејли Стар“.
Весникот наведува дека организаторите на Евросонгот во Шведска биле „шокирани од бесрамното додворување“ на Вучиќ, додавајќи дека засега нема информации дали Џо потклекнал на „љубовните напади“ на српската пејачка.
Ново на Сител
-
Точно 353 балерини го соборија рекордот во „бурè“ танц на прсти
-
„Гугл мапс“ ќе може да го посочува најблискиот полнач за електромобили
-
ЕП: Ракометарките против Шведска, Унгарија и Турција
-
УЕФА ја казни Барселона
-
Ѓорческа не го помина второто коло на фјучрсот во Копер
-
Хамилтон: Ќе се тркам долго откако ќе наполнам 40 години, Ферари не е нешто краткорочно
-
Продолжуваат кампањите за претседателските и парламентарните избори
-
Протест на вработените во културните институции поради неисплаќање на мартовската плата