Живот
8. February 2017 - 22:17

Лисица од Чернобил снимена како „прави сендвич“

.

Во Чернобил живеат необични животни, како што е лисицата која прави сендвич

Екипа на Радио Слободна Европа снимала во чернобилската забранета зона, кога им пришла една лисица.

Лисицата, која живее во дел од областа напуштена после катастрофата 1986. година, сигурно немала прилика да сретне луѓе, но не се плашела да им пријде на новинарите и снимателите.

Им се приближила на луѓето кои кај себе имале храна. Новинарите и` фрлиле неколку парчиња леб и месо, која таа прво ги јадела пред нив.

Меѓутоа, тогаш почнала да собира храна за подоцна.

Собрала неколку парчиња леб, неколку месо, па така направила нешто налик сендвич.