Тенис
30. April 2017 - 20:36

Лина Ѓорческа поразена во финалето на турнирот во Тунис

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа не успеа да го освои турнирот во Тунис што се играше за награден фонд од 60.000 долари. Таа предмалку во финалето загуби од третата носителка Рејчел Хогенкамп од Холандија со 2-0 во сетови (7:5 и 6:4 во гемови). 
 
Сепак за Ѓорческа ова е најголем успех со самиот пласман во финалето. Таа досега имаше настапи во финале само на турнири со награден фонд од 25.000 и 10.000 долари.
Со пласманот во финалето таа ќе освои 48 нови поени и ќе има скок на ВТА листата што е исклучително важно пред настапот на Грен слем турнирот во Париз Ролан Гарос.