Живот
25. September 2016 - 10:57

Лила запрепастена: Крушевчанка донесе невиден малер во „Се или нешто“!

Шестата сезона на популарното квиз шоу „Се или нешто“ почна неделава, а верните и бројни гледачи на популарната игра со банкарот, може да уживаат во доста интересни епизоди и натпреварувачи.

Како за почеток Лила на подарок доби обувки, а најново е тоа што за прв пат во историјата на квизот играше учесничка која при последните рунди последователно ги отвори највисоките суми, 100, 250 илјади и милионот.

Публиката остана во неверување дека во играта може и тоа да се случи, па Лила запрепастена ја прогласи за најцрната серија.

se-ili-nesto

Сепак, крушевчанката Магдалена Цветковска, по малку нервозна се помири и со утешните 20 илјади денари кои можеа да бидат многу повеќе или пак НИШТО според новите можности и правила на играта со кутијата под број 23.