Џет-Сет
24. May 2016 - 14:19

Лила изненадува: Вакво деколте со тантела досега од неа не сме виделе

Сексапилната Лила Филиповска во интервју за Вистина.мк откри дека вложува многу време и труд во својот изглед.

-Секојдневно работам на изгледот. Еден ден сум на масажа, друг ден на третман за лице, па солариум, до петпати теретана, педикири, маникири. Тоа е мој начин на живот и не значи дека мора така да им биде на сите дами. Тоа одзема многу време, колку и да изгледа уживање, верувајте дека смачува.

Особено ми смачува шминкањето. Јас и приватно се шминкам, тоа е мој избор, начин на живот, но морам да признаам дека ми е смачено. За мене секогаш се тука стилистите Владимир и Сергеј како мои долгогодишни соработници.

Сега таа покажа дека сето ова се исплати со последната фотографија на социјалните мрежи на која со убавината, но и секси деколтето мами воздишки.

1lilka

Извор: Вистина.мк