Фудбал
10. January 2018 - 10:19

ЛИГА КУП: Агуеро донесе предност за Сити

Манчестер Сити  ја доби првата полуфинална пресметка од Лига купот со Бристол сити совладувајќи го противникот со 2-1 со погодокот на Агуеро во 92м.

Гостите одиграа одличен меч и водеа со погодокот на Боби Рид во 44м. Стерлинг израмни на 1-1 и кога сите очекуваа крај на мечот без победник Аргентинецот донесе победа и предност за во реваншот на 21. јануари.
 
Во второто полуфинале играат Арсенал и Челзи.