Фудбал
24. April 2017 - 9:07

Лига 1: Монако со победа на гости кај Лион

Монако го победи Олимпик Лион со 2:1 синоќа во дерби натпреварот од 34.коло на Француското фудбалско првенство и го направи можеби решавачкиот чекор во трката за титулата со ПСЖ.
 
Головите за Монако ги постигнаа Радамел Фалкао и Килијан Мбапе во првото полувреме, домаќините во вториот дел само го ублажија поразот со погодокот на Лукас Тусар.
 
Резултати на другите натпревари:
 
Нанси – Олимпик Марсеј 0:0,
ПСЖ – Монпеље 2:0,
Бордо – Бастија 2:0,
Каен – Нант 0:2, 
Дижон – Анже 3:2,
Лил – Генгамп 3:0,
Лориен – Мец 5:1,
Тулуз – Ница 1:1 и 
Сент Етиен – Рен 1:1.
 
Табела: Монако 80 бодови (натпревар помалку), ПСЖ 80, Ница 74, Бордо 55, Олимпик Лион 54 (натпревар помалку), Олимпик Марсеј 52,...