Фудбал
24. February 2017 - 15:06

Лига 1: Два натпревара од 27.коло

Во француската Лига 1 вечерва се играат два натпревара со кои ќе биде означен стартот на 27.коло. Нант во терминот од 19 часот го пречекува Дижон, додека од 20:45 часот се игра дуелот меѓу Ница и Монпеље.
Утре се играат пет натпревари: Генгамп – Монако, Анже – Бастија, Лил – Бордо, Нанси – Тулуз и Рен - Лориен. Три дуели се играат во недела: Сент Етиен – Каен, Олимпик Лион – Мец и Олимпик Марсеј – ПСЖ. 
Табела: Монако 59 бодови, ПСЖ 56, Ница 56, Олимпик Лион 43, Сент Етиен 39, Олимпик Марсеј 39, Бордо 39,...