Македонија
8. November 2016 - 16:32

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски потпиша меморандум за соработка со четири граѓански здруженија

ВМРО-ДПМНЕ потпиша меморандум за соработка со 4 граѓански здруженија. Досегашната плодна соработка со вистинскиот граѓански сектор ќе продолжи и во следниот период со нови идеи и предлози кои ќе бидат дел од изборната програма. Претседателот на владејачката партија Никола Груевски истакна дека ВМРО-ДПМНЕ е партнер со граѓаните и ги обединува сите кои сакаат подобра иднина за Македонија.

-Се наоѓаме во предизборен период. Граѓаните ја вреднуваат програмата и проектите. Оваа соработка, преку потпишаниот меморандум е во насока и на заедничко разгледување на идеи и предлози од сите субјекти во општеството. Довербата се гради секој ден, а тоа ќе продолжи и во иднина преку плодна соработка, заклучи Груевски.

Првите луѓе на Сојузот на земјоделци, Здружението за културно обединување на Бошњаците, Коалицијата на Египќаните и Здружението за духовно обединување на Сетинци, Попадинци и Крушоради од Лерин  се задоволни и од досегашната соработка со владејачката партија со која се решија голем број прашања за овие граѓани.

тонско Зекир Рамчиловиќ претседател на Здружението за културно обединување на Бошњаците

Реалните потреби на граѓаните и барањата на граѓанските здруженија и овој пат ќе бидат дел од мерките и реформите предвидени во изборната програма на ВМРО-ДПМНЕ.