Македонија
7. February 2018 - 16:53

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на средба со помошникот заменик државен секретар на САД

ВМРО-ДПМНЕ е политичка партија насочена кон интеграција во НАТО и Европската Унија. Лидерот Мицкоски на средбата со заменик помошникот на државниот секретар за Европа и Евроазија Метју Пламер кој го наследи Хој Ји во американскиот  Стејт департмент потврдил дека реформите се клучни процеси кои треба да ја подобрат економската политичката и социјалната состојба во Македонија, информираат од опозициската партија.

„ На средбата се разговарало за актуелната политичка состојба во Република Македонија, при што Мицкоски нагласил дека во овој момент граѓаните на Република Македонија се соочуваат со правна несигурност и злоупотреба на правосудниот и административниот систем со цел остварување на тесни интереси на актуелната владејачка коалиција. Мицкоски на средбата нагласи дека е потребна одговорност за таквото однесување, на сите поединци кои постапуваат спротивно на законите и ги злоупотребуваат институциите.“ – се вели во соопштението испратено од ВМРО-ДПМНЕ.

Во него се додава дека Мицкоски потенцирал дека Македонија мора да остане посветена на стратешкото сојузништво со САД и градењето на односи базирани на доверба и взаемна почит.

Мицковски во рамки на својата посета на САД имал и работна вечера со Претседателот на Републиканската партија Боб Падучик на која се потврдила потребата од продлабочување на соработката како партии со блиска идеологија.

Вчера Мицкоски  имаше обраќање на Конференција за безбедност организирана од американскиот Конгрес на која свои излагања имаа и неколку конгресмени и американски сенатори.

Во рамките на својата посета, Мицковски треба да оствари средби  со македонската дијаспора во САД а ќе присуствува и на молитвениот појадок кој го организира американскиот претседател Доналд Трамп