Лидерот на Река: Сложено име со еден збор, без превод, е најдобро решение
Лидерот на партијата Река, Ставрос Теодоракис, одново го повтори неговиот став за сложено име, на македонски јазик, но во форма на еден слеан збор. Тој вели дека во целото прашање, за нив особено важни точки се учебниците и македонскиот Устав.
- И по средбата со премиерот реков дека едно име на словенски дијалект, еден збор, веројатно би било најдоброто решение. Но, она што е важно е комплетното решение. Не е само името. Туку и обврзувањата што треба да се направат за сите отворени прашања како што се учебниците на кои им даваме големо значење и за Уставот, вели Теодоракис и потенцира дека неговата партија не е со владата, со СИРИЗА и Независни Грци, туку е со татковината и за тоа се борат.
Неговиот став за сложено име, без превод, во форма на еден збор, го изрази минатата сабота по средбата со грчкиот премиер Алексис Ципрас. Со слична позиција, јавува дописникот на МИА од Атина, за име со еден или два збора, говореше и шефот на грчката дипломатија Никос Коѕијас во интервјуто за ЕРТ во понеделникот вечерта.
Ново на Сител
-
Белгиски медиуми: Македонија оди во втор круг гласање од кој и зависи европската иднина
-
Ангелов: Граѓаните ја отпишаа СДСМ, сите заедно да ги отпишеме и ДУИ
-
Тројца уапсени во врска со истрагата за поткуп против рускиот заменик министер за одбрана
-
Грчката фрегата соборила беспилотно летало во Црвеното море во рамките на операцијата „Аспидес“
-
Александар Ѓорчевски со нова жалба пред Врховен
-
Почина Велибор Џаровски - Џаро
-
Приведен тетовец баран со потерница
-
Ограбено тетовско казино, уапсени две лица