Свет
17. August 2017 - 10:17

Лидерката на австралиската десница ја шокираше јавноста - облече бурка во Сенатот

Лидерот на австралиската екстремно десничарска партија „Една нација“(One Nation), сенаторката Полин Хансон,  во текот на седницата на на националниот Сенат облече и носеше бурка, јави британскиот јавен сервис Би-Би-Си.

Таа тоа го сторила со желба да покаже дека носењето таква облека, како верско обележје, носи безбедносни ризици и дека треба да биде забрането.

Државниот обвинител и министер во австралиската Влада, Џорџ Брендис, го осуди ваквиот потег на Хансен, упатувајќи и „совет и предупредување“ дека со тоа ги навредува верските групи.

Неговиот коментар, како што наведе Би-Би-Си, наиде на аплауз од опозицијата.

-Не, сенаторке Хансон, нема да ја забраниме бурката, додаде Брендис.

Сенаторката Хансон во соопштение наведе дека „потребата од забрана на целосното покривање на лицето во јавноста е важно прашање со кое е соочена модерна Австралија“.

За нејизното залагање да се забрани носењето бурка денеска попладне ќе се расправа во Сенатот.