Македонија
23. February 2016 - 20:53

Лидерите пред одлука: Одложени избори или распуштање на Парламентот

Собранието на Република Македонија, според одлуката што ја донесоа пратениците на 18 јануари, вечер на полноќ трeбa да се распушти со цел одржување предверемни парламентарни избори на 24 април, согласно договорот од Пржино.

Засега нема формална иницијатива до Собранието за променана одлуката за самосраспуштање. До синоќа ниту една од пратеничките групи немаше поднесено барање за менување на одлуката.