Бизнис
9. May 2016 - 8:37

„Лидер проект 2016“ за подобри бизнис вештини

Четириесет и четири менаџери ќе ги усовршуваат своите бизнис и претприемачки вештини на обуки во рамки на деветтото издание на програмата за бизнис образование „Лидер проект 2016“, што ќе се одржи денеска во Скопје. 

„Лидер проект“ е во организација на „Македонија 2025“ во соработка со школата за бизнис „Ричард Ајви“ од Канада.

Учесниците во програмата ќе ги подобруваат вештините според методите на канадската школа за бизнис.

Програмата и можностите што се нудат со неа ќе ја претстават Билјана Марковиќ, директор на Македонија 2025, Игор Поповски, директор и косопственик на ВСД Меркур, претседавач со Лидер проектот и член на Одборот на директори на Македонија2025, како и инструктори на „Лидер проектот“ од школата „Ричард Ајви“.

Организацијата Македонија 2025 е формирана во 2007 година со цел да се помогне во креирање просперитетна економска клима за македонските граѓани и странските инвеститори во Република Македонија.