Лидер на четничка организација прогласен за персона нон грата во Романија
Апелацискиот суд во Букурешт денеска го прогласи лидерот на српската милитантна шовинистичка организација Четничко движење (ЧП), Братислав Живковиќ за персона нон грата во Романија, за период од 15 години.
Живковиќ е обвинет за обид за прибирање и предавање на државни тајни на странски држави, организации или нивни агенти, како и за создавање на шпионска мрежа на територијата на Романија, со цел да им наштети на романските стратешки партнерства, се наведува во образложението.
Во текот на 2017 година Живковиќ често ја посетувал Романија со цел прибирање на информации, чие протекување би претставувало закана за националната безбедност на земјата. Благодарение на романското контраразузнавање биле преземени мерки и тој не успеал да добие ниту еден таен документ или информација.
Според податоците на романската служба за државна безбедност, 42-годишниот Живковиќ во 2014 и 2015 година, заедно со други српски доброволци на членови на неговата организација, учествувал во конфликтот во Украина на страна на проруските сили.
Ново на Сител
-
ДИК: Oд обработени 90,18% oд гласовите Силјановска Давкова 325.150, Пендаровски 162.062
-
Ковачевски: Знам дека многу наши поддржувачи се разочарани, но сега не е време за откажување
-
ДИК: Oд обработени 87,17% oд гласовите Силјановска Давкова 315.638, Пендаровски 156.406
-
Мицкоски: Победуваме со над 170.000 гласа разлика
-
Пендаровски: Резултатите не се такви какви што ги очекувавме
-
Пендаровски: Резултатите не се такви какви што ги очекувавме
-
Димитриевски: Испишуваме историја, се роди 3-тата политичка сила во македонскиот политички блок
-
Силјановска: Горда сум на граѓаните, не само на оние кои гласаа за мене туку и на останатите