Џет-Сет
20. September 2017 - 21:41

Личните предмети на Одри Хепберн првпат на аукција

Аукциската куќа во Лондон, Кристис, за првпат организира наддавање со лични предмети на славната глумица, манекенка и хуманитарка, Одри Хепберн.

На аукцијата ќе се најдат близу 500 предмети, меѓу кои „Бурбери Балонер“, колекција „балетанки“, како и „Живанши“ фустани специјално дизајнирани за неа. Освен облека и модни додатоци, во понудата има и бројни фотографии и спомени од снимањата.

Со оглед на тоа дека станува збор за уникатна архива на една од најголемите холивудски ѕвезди, се очекува некои предмети да достигнат и до 100.000 долари.

Аукцијата ќе трае до 3 октомври.