Македонија
2. јуни 2016 - 17:20

Лица од Србија кои се наоѓаат на црните листи на странски држави ги обучуваат демонстрантите од Шарената револуција

Платеници од Србија кои се на црни листи на странски држави тренираат луѓе од организации блиски до СОРОС. Оваа информација ја објавува интернет порталот Журнал, кој повикувајќи се на свои извори, тврди дека во Македонија неколкупати досега бил Стеван Дојчиновиќ дел од организацијата КРИК. Според Журнал негова цел во Македонија била обука на лица кои се дел од секојдневните протести на т.н. Шарена револуција. Журнал пишува дека обуките биле во координација со невладини на СОРОС, за кои во јавноста се пишуваше дека минатите години заработувале милонски суми.

Журнал пишува дека обуките што ги правел српскиот државјанин Дојчиновиќ биле вршени на почетокот на месец мај во Скопје. Порталот посочува дека за ова лице, кое се преставува како врвен српски истражувачки новинар, во српските медиуми биле објавувани информации за поврзаност со криминални структури кои биле дел од мрежа на нарко трговија. Журнал ги посочува новинарските написи на српски ИНФОРМЕР, но и на Н1, балканската мрежа на СИ ЕН ЕН, според која на Дојчиновиќ му е забранет влез во Русија, како резултата на активности поврзани со криминално терористички дејствувања.

Порталот Журнал, констатира дека Дојчиновиќ е само дел од странските платеници кои и даваат поддршка на опозициската СДСМ.

Според информациите на порталот, Дојчиновиќ во Македонија бил активен и минатата, но и претходната 2014 година, што се поколопува со почетоците на политичката криза, предизвикана од опозицијата.