Свет
28. September 2017 - 10:20

Либиската морнарица се закани дека ќе запленува бродови на невладини организации

 По инцидентот со еден германски брод на невладина организација, либиската морнарица се закани дека ќе ги запленува бродовите на невладините организации кои без дозвола пловат во близина на нејзините води и спасуваат мигранти. 

- Овој пат избегнавме ескалација. Во иднина ќе ги запленуваме бродовите на тие невладини организации кои не го подджуваат либискиот суверенитет, предупреди генералот Ајуб Касем, портпаролот на либиската морнарица. 

Тој потсети дека во август е објавено дека во Средоземното Море крај Либија се основа подрачје за потрага и спасување (САР), каде либиската морнарица забранува пловидба на странски бродови, особено на бродови на невладини организации кои немаат дозвола. 

Либиската крајбрежна стража вчера го пресретана германскиот брод „Мишн Лајфлајн“ што спасил 52 лица во тој регион. 

На видеото што го објави невладината организација, што го поседува „Мишн Лајфлајн“ се забележува дека еден припадник на либиската крајбрежна стража извикува „овде не сте добредојдени“. 

Претседателот на германската невладина организација Аксел Штајнер наведе дека му се заканувале и барале од него да ги предаде мигрантите, но организацијата одбила. 

Либиската крајбрежна стража се обидува да ја зголеми контролата во морето крај либискиот брег во соработка со италијанските колеги.