Свет
9. May 2017 - 15:28

Либералот Мун Џе-ин најверојатен победник на претседателските избори во Јужна Кореја

Либералот Мун Џе-ин победи убедливо на предвремените претседателски избори во Јужна Кореја, покажуваат извештаи од излезни анкети.

Мун кој се сметаше за фаворит добива 41,3 отсто гласови. Неговиот главен противкандидат Хонг Џун-пјо е втор со 23,3 отсто. Избирачката активност била околу 75 отсто, на еден час пред затворањето на гласачките места.

Мун (64) ќе положи заклетва утре. Има право само на еден 5-годишен мандат. Мун е застапник на умерена политика кон Северна Кореја. Предвремените избори беа спроведени откако Пак Гeун-хје беше отстранета од функцијата заради градндиозен корупциски скандал.